Романија одбележува 25 години од падот на Чаушеску

22.12.2014 11:55

Режимот на Чаушеску беше еден од најрепресивните, а граѓаните тонеа во сиромаштија...

Романија ја одбележува 25-годишнината од падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску, кога во судирите меѓу демонстрантите и полицијата животот го загубија повеќе од 1.200 луѓе.

Револуцијата почна на западот од земјата, а потоа се прошири низ цела Романија.

Режимот на Чаушеску беше еден од најрепресивните, а граѓаните тонеа во сиромаштија.

Во 2004-та, Романија стана членка на НАТО, а три години подоцна и членка на ЕУ.