Поднесени вкупно 306 илјади барања за откуп на дворно место
Ова е еден историски процес и еден од најкрупните проекти со кој 306 илјади семејства што поднеле барање и оди во добра насока, рече вицепремиерот Ставрески на вчерашната отворена владина седница...

Вкупно 306 илјади барања се поднесени до крајниот рок за откуп на дворно место, соопшти вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на вчерашната отворена владина седница. Од овие барања 234 илјади се поднесени откако актуелната Влада донесе одлука откупот на дворното место да се врши по едно евро за метар квадратен.
Ова е еден историски процес и еден од најкрупните проекти со кој 306 илјади семејства што поднеле барање и оди во добра насока. Ова беше еден од проектите за кој најмногу пати го продолжувавме рокот. Дававме нови рокови и сега на 15-ти декември истече последниот рок. Вкупно 30 6илјади барања за приватизација се поднесени, од кои 234 илјади по нашата одлука како Влада од пред неколку години да се откупува по едно евро за метар квадратен. Значи, речиси 80 отсто од сите барања во овие 15 години, се поднесени во последните три години кога ја намаливме цената и со пролонгирањето на роковите, образложи вицепремиерот Ставрески.
