Ќе се реконструираат болниците во Прилеп и Битола, Куманово ќе добие нов ургентен центар

22.12.2014 12:16

Во програмата за наредната година се предвидува двојно да се зголеми бројот на лекари и медицински персонал, кои ќе одат на обука во светските медицински центри...

Кумановската болница ќе добие нов ургентен центар, обелодени министерот за здравство Никола Тодоров на вчерешната владина седница.

Ќе се реконструираат битолската и прилепската болница, а ќе бидат набавени и 6 мамографи, и друга медицинска апаратура.

Во програмата за наредната година се предвидува двојно да се зголеми бројот на лекари и медицински персонал, кои ќе одат на обука во светските медицински центри како Нирнберг,  Хамбург и Лос Анџелес.