Попоски: Бројните дипломатско- конзуларни претставништва придонесоа за одлуките за инвестирање во Македонија
За една мала земја како Македонија најважно е колку добри ќе ни бидат односите со соседите, а ова е и еден од приоритетите во надворешната политика за 2015 година, вели министерот Попоски...

Во Министерството за надворешни работи во тек е редовниот годишен амбасадорски совет на шефовите на македонските дипломатско – конзуларни претставништва во странство.
Со амбасадорскиот совет претседава министерот за надворешни работи Никола Попоски. Најавени се излагања на претседателот на држвавата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
„Бројните дипломатско-конзуларни претставништва придонесоа за одлуките за инвестирање во Македонија како онаа на американски „Капкон“ во што беше интензивно вклучен нашиот конзул во Њујорк. 2014 година најмногу треба да ја мериме по тоа и во таа насока е многу успешна и охрабрувачка за Македонија“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Тој оценува дека за една мала земја како Македонија најважно е колку добри ќе ни бидат односите со соседите, а ова е и еден од приоритетите во надворешната политика за 2015 година во контекст на политичките задачи во чиј фокус останува евроинтеграцијата.
Втор приоритет е економската дипломатија, а третиот е интензивирање на грижата за македонските граѓани надвор од земјата.
