Подготовки за Бадник во Струмица
Полни пазари, полни торби, полни срца со празнична радост. Струмичани ги почнаа подготовките за бадниковата вечера. Во пресрет на раѓањето Христово, трпезата не може да ја замислат без лепче со паричка, посна сарма, гравче, риба, овошје, црвено вино и секако баклава.
-Треба да има сарма, тавче гравче, тиква, вели сограѓанка.
Што можеме да земеме, се по нешто, по малку,
Сарма, риба.
Па се што е традиционално македонско ќе има на секоја трпеза, објаснуваат граѓаните.

Пазарџиите претпразнично не ги зголемија цените. Граѓаните велат купуваат колку можат. Помладите не правеле пресметка, постарите пак си го имаат есапот.
-Мислам дека за тој ден не треба да се пресметува во пари.
-Две илјади денари ќе одат секако.
-Скапо е, скапо.
-Многу пари, сега се мислам што поскоро да купам со 7 илјади пензија.
-Сето тоа 1.500 денари ќе чини, велат граѓаните.
Поголем промет, продавачите очекуваат утре. Засега се задоволни од раздвиженоста пред тезгите.
-Денеска почна раздвиженоста, добро е, ама уште пазар немаме, вели пазарџика.
Килограм кори 120 денари, овошје 500 денари, риба 130, зеленчук 300. Бадниковата вечера ќе чини најмалку 1000 денари.
И се разбира на крајот, Бадниковата трпеза нема да биде комплетна без бадниковото гранче чиј што пламен треба да ја донесе божиќната светлина во секој дом.
новинар- Катерина Дафчева
снимател- Кире Пиличев