Велика Британија со пакет мерки за странските студенти
22.12.2014 13:23
Студентите кои не доаѓаат од земјите членки на ЕУ, по завршувењето на образованието ќе мора веднаш да го напуштат Кралството...

Велика Британија подготви пакет мерки за нормлизирање на состојбата со странските студенти, кои по завршување на образованието остануваат во земјата.
Предвидено е мерките да стапат во сила во случај на победа на Конзервативната партија во 2015-та. Студентите кои не доаѓаат од земјите членки на ЕУ, по завршувењето на образованието ќе мора веднаш да го напуштат Кралството.
Според податоците во периодот од јуни 2013-та до јуни 2014 260.000 луѓе мигрирале во Велика Британија.
