Хакерски напад врз јужнокорејска нуклеарна централа
Централната „КХНП“ во своето соопштение наведува дека хакерските напади не ги загрозиле нуклеарните инсталации, вклучувајќи ги и 23-те атомски реактори...

Хакерски напад на компјутерската мрежа на јужнокорејска нуклеарна централа. Од компанијата велат дека не е направена голема штета и не се украдени доверливи информации.
Централната „КХНП“ во своето соопштение наведува дека хакерските напади не ги загрозиле нуклеарните инсталации, вклучувајќи ги и 23-те атомски реактори.
Стручњаците, сепак, сметаат дека контролата врз нуклеарните реактори можела да биде загрозена.
Веста за хакирање на податоци доаѓа во момент на на заострени односи меѓу САД И Северна Кореја по информацијата дека е напдната копанијата „Сони пикчрс“, а ФБИ се сомнева дека е дело на лидерот Ким Јонг Ун.
