Од в година ќе се гради по најновите стандарди за зелена градба
Од следниот месец, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се пристапи кон измени на Законот за градење со кои ќе бидат опфатени иницијативите за промовирање на зелената градба...

Во 2015-та ќе се доуреди регулативата, според која, во земјава ќе се гради по најновите стандарди за зелена градба, со што видно ќе се намалат трошоците за живеење.
Од следниот месец, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се пристапи кон измени на Законот за градење со кои ќе бидат опфатени иницијативите за промовирање на зелената градба.
Сеад Кочан, претседател на Македонскиот совет за зелена градба, истакна дека одржливоста на градбата, енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, ќе генерираат одржлив раст во градежниот сектор, креирање работни места, зголемување на енергетската сигурност, како и намалување на сиромаштијата, бидејќи увозот на нафта и гас во Европа чини стотици милијарди евра секоја година.
Трошоците при зелена градба се само 1 до 5 проценти повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари ги враќа овие средства во првата година, бидејќи заштедата на електрична енергија е околу 30 проценти, а на вода околу 40 проценти на годишно ниво, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија на денешната прва конференција за зелената градба во Македонија.
