Вечерва премиера на „Да тргнеме сењор“ во МНТ
Претставата зборува за интимни приказни на мали луѓе, кои на едноставен начин побудуваат силни емоции...

Празник е кога се случува праизведба на домашен текст, велат од Македонскиот Народен театар каде што вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Да тргнеме сењор“, од Ана Ристоска, а во режија на Нела Витошевиќ- една од ретките режисерки кај нас што поставила повеќе домашни текстови од странски.
„Да тргнеме сењор“ зборува за смртта, но го слави животот. Сите треба да ја негуваме македонската драматургија. Претставата зборува за интимни приказни на мали луѓе, кои на едноставен начин побудуваат силни емоции. Една од приказните во претставата е поврзана и со Дон Кихот, вели режисерката Нела Витошевиќ.
Со оваа претстава се заокружува сезоната во Македонскиот Народен театар. Драгана Костадиновска, Игор Ангелов, Катина Иванова, Александар Ѓорѓиески и Дениз Абдула се дел од актерската екипа.
