Мобилните царински тимови открија нелегални мигранти
Вчера мобилните царински тимови открија двајца нелегални мигранти скриени во специјално засолниште зад задното седиште на германски автомобил...

Се повносен и поорганизиран транспортот на бегалци од кризните места од блискиот и средниот исток кон земјите на Европската Унија.
Вчера мобилните царински тимови открија двајца нелегални мигранти скриени во специјално засолниште зад задното седиште на германски автомобил.
При контрола на граничниот премин Богородица при влез во државата во германско „Пежо 607“, управувано од германски државјанин, зад задното седиште е откриен специјално изработениот бункер, во кое се криеле Сиријците.
Тие поседувале документи од грчкиот центар за азиланти. Мигрантите и возачот се предадени на Министерството за внатрешни работи за натамошна постапка.
