Шампионска игра на Торонто!
Торонто е лидер во источната конференција и со Портланд се екипите со втор ефект во лигата...

Пред седум и минатата година, Торонто беше шампион на Атлантик дивизијата, но Репторс веројатно ја играат најдобара НБА сезона во својата дваесетгодишна историја. Торонто е лидер во источната конференција и со Портланд се екипите со втор ефект во лигата. И двата тима имаат ист број победи како и најдобрата Голден Стејт по 22, со тоа што Вориорс имаат три порази помалку. Како втора најефикасна екипа, Торонто со 118:108 го совлада Њујорк. За шестиот триумф по ред најзаслужен беше тандемот Лори - Вилијамс со по 22 поена. Никс се во црна серија од пет порази или 15 во последните 16 натпревари без разлика на 29-те коша на Ентони.
Кливленд ја оствари 16-та победа и тоа против Мемфис којшто првпат загуби по седум триумфи. 105:91 за Кавалирс благодарение најмногу на 25-те поени на Леброн Џејмс.
Две се причините за победата на Њу Орлеанс кај Оклахома со 101:99, блескавата игра на гостинскиот кошаркар Дејвис кој постигна 38 коша и отсуството на првата ѕвезда на домаќинот, Дурент.
Мајами и без Вејд славеше против Бостон со 100:84. Денг беше најрасположен со 23 поени.
Пламбл со 21 кош го предводеше Бруклин до триумф против Детроиот со 110:105, додека Индијана на гости беше подобра од Минесота со 100:96. Прв стрелец на мечот беше играчот на Пејсерс со 28 поени.
Во другите натпревари. Сакраменто - Лејкерс 108:101, Орландо - Филаделфија 88:96 и Вашингтон - Феникс 92:104.
