Генерален штрајк во ФЗЦ Куманово, работниците ги бараат неисплатените плати

22.12.2014 14:52

Над 700 работници од Фабриката за заварени цевки и профелили од Куманово од денеска стапија во генерален штрајк поради едногодишната агонија на компанијата. Повод се неземените 7 плати, но причините се подлабоки. Засега менаџерскиот тим молчи...

Поради неисплатени седум плати и придонеси за здравствено и пензиско осиурување вработените од Фабриката за заварени цевки „11 Октомви“ го запреа поизводството и излегоа на штрајк. Како што велат од синдикатот, тие побарале од менаџерскиот тим да им се исплатат минимум две плати за да можат да егзистираат. Одлуката за штрајк следи откако во петокот, работниците примиле само 30% од мајската плата.

„Во овој период имаше повеќе прекини на работа, но благодарение на совеста на вработените и синдкатот не станаа радикални не прераснаа во штрајкови. Но, сепак долгиот период на кризата си го направи своето, затоа што во овој период без плата ги потрошивме сите домашни залихи и заштеда“, изјави Методија Сеизовски, претстваник на Синдикат во ФЗЦ.

Фариката има на залиха произведени цевки и профили кои доколку се продадат би можеле да се намират обврските кон вработените и производството да продолжи. ФЗЦ важи за еден од водечките гиганти во оваа индустриска гранка, кој има капацитет да преработи 90 тони железо днвено, велат работниците.

„Менаџерите треба да наоѓаат работа, ние сме тука да ги извршуваме работните задачи. Нека се запрашаат зошто фабириката година и пол не работи!“

„Постојано им укажуваваме, преговаравме за да не дојдме во оваа состојба, затоа што ова е најлоштото и за фабрката и за нас“, додаваат вработените во ФЗЦ.

Гигантот брои над 700 вработени од кои најголемиот дел се на возраст од 60 години. Во последно време најголем дел од нив биле на принуден одмор, останатите работеле во една смена произведувајќи минимално.

Од менаџерскиот тим на ФЗЦ не скаат да ја коментираат новонастанатата состојба со образложение дека биле на состанок.

Вработените главно се акционери во фабриката. На 8-ми ми декемеври беше најавено првото јавно надавање на Берзата, но беше откажано за во јануари.

 

Габриела Димковиќ