Општина Велес објави повик за продажба на 16 парцели

22.12.2014 14:59

31.747 квадратни метри изнесува најголемата понудена парцела, додека најмалата е 1.584 , или вкупно 61.739 квадратни метри...

Општина Велес продава 16 парцели. Девет се во индустриската зона Речани и се продаваат по едно евро за метaр квадратен.

31.747 квадратни метри изнесува најголемата понудена парцела, додека најмалата е 1.584 , или вкупно 61.739 квадратни метри.

Како што информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев, станува збор за продажба на вкупно девет парцели во Индустриската зона Речани 2,  од кои пет со намена на градба за лесна индустрија и четири плаца за сервиси.

Електронското јавно наддавање ќе се спроведе на 23 јануари 2015 година, а почетна цена ќе биде 61 денар по метар квадратен.

Со оваа објава предвидени за продажба се две парцели со намена за хотелски комплекси и други пет на кои се предвидува изградба на мотели кај езерото „Младост“ во близина на Велес.

Почетната продажна цена на овие парцели изнесува 283 денари од метар квадратен.