Васил Шишков остави голем белег на македонската театарска сцена

22.12.2014 15:14

Во 44-тата година од животот почина актерот Васил Шишков. На македонската театарска сцена работеше од 1991 година. Шишков ќе остане запаметен по улогите во повеќе македонски филмови. Во неговата последната улога, во „Вечната Куќа“, го глумеше својот татко, легендата на македонската театарска сцена, актерот Ристо Шишков. Комеморацијата посветена на Шишков ќе се одржи утре во 11 часот во МНТ...

Срцето на легендарниот македонски актер не издржа. Актерската заедница во Македонија е во шок. Сите со голема тага и неверување ја примија веста дека тој веќе не е меѓу живите.

Васил Шишков беше син на македонската легенда, Ристо Шишков. На 24 години дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Својата најплодна кариера ја доживеа во деведесетите кога учествуваше во многу телевизиски серии и играни филмови. Многумина го паметат и по прекарот „Бумбар“, по главниот лик во серијата „Бумбари“.

Последната ролја Васил Шишков ја одигра во претставата „Вечната куќа“, со која на 7 ноември 2013 беше отворена новата зграда на Македонскиот народен театар.

Последните статуси на Шишков на социјалните мрежи се полни со ентузијазам, но за жал, 44 годишниот актер не дочека да ги оствари своите планови. Васил сакаше да сними филм за својот татко и за, како што велеше, неправдата која му беше нанесена поради неговите идеи за осамостојување на Македонија.

Сепак, животот на Васил, беше речиси идентичен со животот на неговиот татко.

Ветувам дека сонот на Ѓорѓи Колозов кој не чуваше ќе го исполнам. Одам во Македонската телевизија, ќе ги вратам приказните, ќе се гордеете. Македонската телевизија е моја куќа по Нова година- Шишков, напиша на 15-ти декември.

 

Александра Перевска