Протест против плаќањето придонеси за хонорарите
22.12.2014 15:20
Протестот започна во „Жена парк“, па преку Собранието заврши пред Владата, со симболично фрлање на монети...

Во центарот на Скопје се одржа протест поради измените во законот за придонеси со кој се предвидува од 1-ви јануари 2015-та година да се плаќа 35 проценти од хонорарот за придонеси и даноци наместо сегашните 10 отсто.
Овие 35 проценти за здравствено, пензиско и за персонален данок ќе ги плаќаат оние кои земаат хонорар од договор на дело или авторски договор над износот на минималната плата од 9.590 денари.
Протестот започна во „Жена парк“, па преку Собранието заврши пред Владата, со симболично фрлање на монети.
