Откупени првите количества на тутун од родот во 2014 година

22.12.2014 15:50

Исплатата е реализирана со 11,26 % и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите...

Според податоците од Државниот Инспекторат за земјоделство во првата недела од официјалниот старт на откупот на тутунот, залкучно со 22.12.2014 година, од страна на седум откупувачи на тутун, откупени се вкупно 2.128.961,87 килограми тутун со просечна откупна цена од 120,98 денари за килограм.

Исплатата е реализирана со 11,26 % и се одвива според динамиката наведена во договори меѓу откупните организации и тутунопроизводителите.

По обезбедената банкарска гаранција за исплата на тутунот, денеска почна со откуп и Орбита табак.