По осми пат - Божиќен ручек за децата од Македонија

03.01.2014 18:05

Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп на 7 јануари - Божик по осми пат ќе го организира заедничкиот Божикен ручек за децата од Македонија.

Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп на 7 јануари - Божик по осми пат ќе го организира заедничкиот Божикен ручек за децата од Македонија.

- Годинава Божикниот ручек е за 400 деца од Скопје,

Ресен, Штип, Битола, Струмица, Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат: децата без родители, децата на бранителите, деца со посебни потреби, како и деца членови на Детската амбасада за сите деца во светот, изјави на денешната прес конференција  Александра Северкоска Стојаноски извршен директор на невладината организација.

На божикниот ручек, кој ќе се одржи во прилепскиот хотел „Кристал палас“ се поканети децата и од другите верски заедници во земјава: од исламската, католичката, еврејската и од евангелско-методистичката верска заедница.

- Се е во интерес на Конвецијата за правата на децата и според мотото на Детската амбасада „Едно небо за сите деца“, вели Северкоска Стојаноски.

По петти пат ќе биде доделен „орденот за носител на мирот“. Ова признание годинава ќе го понесе митрополитот Петар, кој и ќе го благослови божикниот ручек. Новогодишни пакетчиња на децата ќе им додели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, а за програмата ќе се погрижат децата од Фестивалот „Ѕвездички“ и детскиот хор „Мали ангели“.