2014-та успешна, дипломатите фокусирани на привлекување странски инвестции
Ресорниот министер со пресек за сработеното во годината што изминува рече дека приоритет биле економските контакти. Наредната година, посебен приоритет на добрососедските односи...

Изминатата година беше успешна. Економската дипломатија донесе најмногу резултати. Бевме фокусирани на привлекување странски инвестиции и задоволни сме од она што го направивме. Ваква генерална оценка даде министерот за надворешни работи, Никола Попоски, по средбата со македонските амбасадори низ светот. Откако беа отварени три нови дипломатски претставништва, за во 2015 година најави проширување на листата, но на поинаков начин.
„Во овој момент не би можел да зборувам за земји бидејќи иамаме листа за која ќе донесеме одлука многу наскори и според приоритетност таму и ќе именуваме. Тие нерезидентни абасадори би биле базирани во Скопје и би патувале по потреба Се работи за земји кадешто немаме постојано присуство“, вели министерот Попоски.
За танго се потребни двајца, а Македонија нема партнер во решавањето на спорот за името, рече Попоски. Но Попоски очекува токму идната година пресврт во односите, бидејќи како што рече, ваквата ситуација нема вечно да трае. Во 2015 фокусот на МНР ќе биде ставен во подобрување и зацврстување на односите со соседите.
„Во даден момент неопходно е да се создаде клима и определено минимално ниво за соработка, или да се одблокира патот на Република Макеоднија за водење преговори со ЕУ и приклучување или сериозно да се разговара за отстранување на грчката препрека“, нагласи македонскиот шеф на дипломатијата.
Во 2015 година, амбасадорите ќе ја продолжат трката по странски инвестиции, зашто како што истакна Попоски, токму економската дипломатија се покажала како силна страна. На редовната годишна средба со македонските дипломати во странство, дојде и премиерот Никола Груевски.
Катерина Топалова
