Протест против измените во законот за придонеси
Протест поради измените во законот за придонеси со кој се предвидува од 1 јануари 2015 година да се плаќа 35 проценти од хонорарот за придонеси и даноци наместо сегашните 10 насто. Овие 35 проценти ќе ги плаќаат оние кои земаат хонорар со договор на дело или авторски договор поголем од износот на минималната плата...

Протестниот марш со кои хонорарците го изразија својот револт од измените во законот за придонеси започна во Жена парк. Се предвидува од први јануари на секој исплатен хонорар работодавецот да плати 35 проценти на име придонеси. Протестираа новинари, преведувачи и луѓе од други професии кои своите приходи ги остваруваат преку хонорари или авторски договори. Сметаат дека преку зголемување на придонесите ќе се доведат во незавидна положба бидејќи 35-те проценти давачка е висока. Законот предвидува јавните функционери да издвојат 10 проценти од својот хонорар.
„Со овие измени многу ќе бидат погодени новинарите од кои веќе една третина се во хонорарен работен однос“, смета Тамара Чаушидис.
„За жал голем дел од граѓаните кои се засегнати со овие законски измени не се информирани за самите“, вели Антонио Михајлов, предавач.
По улиците на центарот протестите финишираа пред Владата со симболично фрлање на монети. Со зголемените давачки организаторите на протестот велат дека ќе се зголемаат проблемите на луѓето, бидејќи хонорарите се мали, а работодавците може да ги избркаат од работа.
Иако беше најавено дека протестот нема никаква политичка позадина, на маршот можеа да се забележат и политичари од опозицијата.
Миле Ристески
