Ракомет

Победа за самодоверба

03.01.2014 22:32

Машката ракометна репрезентација на Македонија  ја совлада селекцијата на Црна Гора со 33-27 (пол.15-14) во подготвителен натпревар за настап на европското првенство во Данска.

Слично на средбата во Струмица пред два месеца меѓу истите селекции, црногорците го контролираа првото полувреме предводени од Шеваљевиќ кој постигна 8 голови во тој период од играта, но во финишот на воведните триесет минути и особено во второто полувреме македонската селекција доминираше за на крајот убедливо да слави.

Според капитенот  Кирил Лазаров заморот по напорните подготовки бил причина за неубедливата игра во првиот дел, иако токму Лазаров резултатски ја одржуваше нашата селекција со вкупно 9 голови од кои 8 во првото полувреме.

Според најавите двајцата селектори шанса за настап им дадоа на повеќето репрезентативци, па во второто полувреме кај нас товарот на позицијата десен бек одлично го изнесе Митков, на центар Стојчевски на местото на Миркуловски, а лево  ротираа Јоноски и Ангеловски кој беше втор стрелец во нашата селекција со 4 гола.

И покрај што резултатот беше во втор план ,победата е значајна за нашите ракометари пред се за самодоверба во можностите, но и во сознанието дека без оглед на повредите на Наумче Мојсовски, Филип Лазаров и Пецаковски кој ја санира повредата на коленото, Македонија има потенцијал да одигра на високо ниво и да ги одржи надежите за добар настап на европското.

Следната контрола на македонската репрезентација е в недела против селекцијата на Србија, исто така во салата на СРЦ Кале, со пренос на првиот сервис на МРТ од 18 часот и 30 минути.

На мини турнирот на 3-те репрезентации –учеснички на ЕП, утре(сабота) ќе меѓусебе ќе играат   Црна Гора и Србија.