Апелгрен замена за Ландин
„Лавовите“ го обезбедија 25 годишниот Швеѓанец Микел Апелгрен, кој на голот на Мелсунген минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Бундеслигата, според процентот на одбрани.

Екипата на Рајн Некар Левен го реши прашањето за голман откако Данецот Никлас Ландин од следната сезона ќе ги брани боите на германскиот шампион Кил.
„Лавовите“ го обезбедија 25 годишниот Швеѓанец Микел Апелгрен, кој на голот на Мелсунген минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Бундеслигата, според процентот на одбрани.
Задоволство е големо во редовите на германскиот тим и кај нивните фанови, зашто за Божиќ ја споделуваат веста за квалитетно засилување со релативно млад голман со драгоцено искуство во силната германска ракометна елитна дивизија.
Апелгрен има одиграно 16 натпревари за Шведска во конкуренција на искусните и веќе реномирани голмански имиња од типот на Матијас Андерсон, Јохан Сјестранд и Андреас Палицка.
Швеѓанецот потиша тригодишна верност со Рајн Некар Левен а договорот е со важност од јули идната година.
