Турскиот премиер Давутоглу ја почна посетата на Македонија
23.12.2014 09:21
Претседателот на Владата на Турција ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Никола Груевски, по што двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција...
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска престојува во посета на Република Македонија.
Претседателот на Владата на Турција ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Никола Груевски, по што двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Предвидена е и пленарна средба на делегациите на Македонија и на Турција.
Давутоглу ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.
Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција. Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес.
