Финансиска поддршка за инвестиции во приватните шуми

23.12.2014 11:18

Излезе огласот за пријавување за субвенции на сопственици на приватните на шуми и нивните здруженија. Тие ќе можат да аплицираат за финансиска подршка за нивните инвестиции, а огласот ќе трае до крајот на годинава...

Субвенциите се за инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите. За обележување на границите на шумата субвенцијата е до 20.000 денари, до 500 денари за кубен метар, и од 10.000 денари за услуги за стопанисување со шуми. За набавка за опрема можат да се добијат до 120.000 денари.
 
Финансиската подршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на завршени инвестиции во висина од 50 проценти.
 
Еден барател може да поднесе едно барање, односно до 2 за различни мерки од програмата за рурален развој.
 
Крајниот рок за доставување на барањата е 31-ви декември годинава.
 
 
Методија Трајков