Неповолните временски услови го намалија производството на мед
Пчеларите се незадоволни од годинешните количества собран мед, пред се заради климата која годинава изобилуваше со многу дожд и влага. Побарувачката е голема, па така снаодливите продавачи прават вештачки мед кои го нудат како природен...

Лошите временски услови го намалија и производството на мед. Пчеларите велат дека побарувачката е голема, но теглите со мед останаа полупразни. Цената се движи од 350 до 400 денари по килограм.
На пазарот се појавува лажен мед кој е направен од гликоза, па таквите производители имаат голема заработувачка затоа што го продаваат по високи цени кои не одговараат со квалитетот.
Од Здружението на пчелари „Млеч“ во Струмица велат дека бројот на пчелари во целата струмичка околија се движи од двесте до триста, а има околу 5.000 пчелни семејства. Оттаму велат дека оваа година поради неповолните временски услови во овој крај се добиени околу 15.000 килограми мед.
Катерина Давчева
