Комплетирана водоводната и канализационата мрежа во Велес
3,5 милиони денари потроши општина Велес за изградба на 270 метри водоводна и 160 метри канализациона мрежа на улицата Тодор Јанев. Овој градежен зафат го реши проблемот и со слабиот притисок на вода во домаќинствата од високата зона на оваа населба...

Се комплетира водоводната и канализационата мрежа на улицата „Тодор Јанев“ во Велес. Со реализациата на проектот кој е дел од инфраструктирната програма решен е клучен проблем на околу 250 жители.
„Целекопната инвестиција што се однесува до водоводната и канализационата линија која што е опфаната со должина од 160 метри, значи заеднички имаме некаде околу 430 метри должински изработени од страна на ЈКП Дервен, нова водоводна и канализациона линија во висина од 3,5 милиони денари“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Со поставување на водоводен регулатор, овој градежен зафат е од значење и за жителите од високите зони на оваа улица. Проблемот со притисок на водата од градската водоводна мреже е веќе минато.
„Ставивме регулатор на притисок со што го намаливме притисокот од 8 на 4 атмосфери и ќе се овозможи нормален притисок на вода во домаќинството“, изјави Фиданчо Цековски, директор на ЈКП Дервен.
За комплетно завршување на градежните работи на улицата Тодор Јанев преоставува уште тамонирање на новиот крак и негово асфалтирање. Доколку временските услови дозволат, од Општината велат работите ќе бидат завршени до крајот на годината.
Дијана Иванова
