Разбиена мрежа за шверц на хероин со база во Македонија

23.12.2014 11:46

Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол уапсија речиси 400 осомничени...

Разбиена е мрежа за швервц на хероин, која дејствувала претежно во Македонија. Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол уапсија речиси 400 осомничени.

Кoнфискувани се 100 килограми хероин, кокаин, канабис и пари. Истрагата се водела од 2010-та година.

Kриминалната група дејствувала од базата во Македонија, но и од Австрија и од Германија, а дрогата низ Балакнот и преку Словенија ја внесувале во земјите од Европската унија.