ФЗОМ: Пререгистрација на невработените без одење на шалтер

23.12.2014 11:52

Фондот за здравствено осигурување од наредната година податоците за пререгистрација на невработените лица ќе ги добива по службен пат од Управата за јавни приходи...

Нема турканици на шалтерите за пререгистрирање на невработените лица кои добиваат бесплатно здравствено осигурување. Фондот за здравствено осигурување од наредната година податоците за пререгистрација на невработените лица ќе ги добива по службен пат од Управата за јавни приходи.

Тоа значи дека лицата кои веќе се пререгистирани по овој основ нема да имаат потреба да одат на шалтерите на Фондот за да извршат нова пререгистрација, а би имале континуитет во здравственото осигурување.

Според директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова ова ќе придонесе да се избегнат турканиците пред шалтерите за пререгистрирање на невработените и лицата со ниски примања за бесплатно здравствено осигурување.