Втор круг претседателски избори во Грција
23.12.2014 12:01
Според аналитичарите, Димас нема да биде избран ниту во вториот круг...

Во Грција се одржува вториот круг од претседателските избори. Во првиот, кандидатот на владејачката коалиција Ставрос Димас не успеа да собере 200 од 300 пратенички гласови.
Според аналитичарите, Димас нема да биде избран ниту во вториот круг.
Грчки „Катимерини“ објави дека грците позитивно ја оценуваат неговата кандидатура и би сакале да биде избран за да не дојде до предвремени избори.
