Северна Кореја повторно е онлајн
23.12.2014 12:05
Воспоставени се дел од интернет врските откако земјата накратко остана во целосен информациски мрак...

Северна Кореја се врати онлајн по досега невиден прекин на интернетот, сред спорот за сајбер безбедноста со САД.
Воспоставени се дел од интернет врските откако земјата накратко остана во целосен информациски мрак.
Од Пјонгјанг нема коментар, за случајот известија САД кои претходно се заканија со пропорционални мерки како одговор на сајбер нападот на „Сони пикчрс“ поради комедијата „Интервју“ за севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
