Русија успешно тестираше екоракета
23.12.2014 12:43
Новото еколошки чисто летало успешно крена товар од два тона 35 илјади километри над Екваторот...

Руската вселенска агенција успешно ја тестираше новата екоракета Ангара 5 во гео-стаци-онарна орбита.
Новото еколошки чисто летало успешно крена товар од два тона 35 илјади километри над Екваторот.
Ангара 5 е првата ракета од руски дизајн по распадот на Советскиот сојуз и е опремена со најдобриот „чист мотор“ што користи керозин и кислород како гориво.
