Франција под терористичка закана!
За 48 часа во Франција се случија три крвави настани, за првиот истрагата се насочува кон терористички акт, додека за тие во Дижон и Нант за дело на психолошки растроено лице. Француските власти повикуваат на „ладнокрвност“ и „претпазливост“ како најдобар одговор на последните настани...

Вчера вечер околу 19 часот еден фургон намерно влезе во пешачката зона на Нант, на кралскиот плоштад каде е поставен божижниот пазар, повредувајќи 10 лица
„Автомобилот, очигледно намерно се фрли врз пазарот и прегази повеќе лица, пру што за жал имаме 11 повредени од кои пет посериозно“, изјави Жил Никола, помошник градоначалник за јавна безбедност на Нант.
Возачот на фургонот е меѓу тешко повреденитем, на снимката се гледа со раширени раце, откако претходно самиот си задал десетина убоди со нож. Повредените беа пренесени во болницата во Нант, а еден од повредените е во животна иопасност.
„Вечерашниов акт не е политички, со терористички намери и со религиозна радиклана инспирација, туку е дело на растроено лице“, вели министерот за внатрешни работи Бернар Казенев.
Францускиот премиер Мануел Влас изутринава се обидува да ја смири јавноста по настаните во Дижон, Нант и Тур, тврдејќи дека „не постои врска меѓу нив“ и дека „ја разбира легитимната загриженост“ по серијата на крвави настани.
„Иако не постои врска меѓу нив, можам да ја разберам и ја разберам загриженоста на нашите граѓани наспроти овие шокантни слики“, вели Валс.
Францускиот премиер, исто како претходно претседателот и министерот за внатрешни работи повикаа на претпазливост, единство и обединување по трите крвави настани кои ја потресоа Франција.
За во Тур веќе со сигурност се знае дека нападот врз полицајците беше идивидуален терористички акт, додека за крвавите настани во Дижон и Нант истрагата се движи кон дело на растроени лица, иако се признава дека терористичката закана е реално присутна во Франција.
Тони Гламчески, дописник на МРТ од Франција
