Опасност од втор терористички напад во Австралија
23.12.2014 14:40
Нивото на опасност е зголемено на „високо“, но нема да премине на „екстремно“...

Во Австралија веројатно ќе има втор терористички напад, предупреди премиерот Тони Абот. Нивото на опасност е зголемено на „високо“, но нема да премине на „екстремно“.
На состанокот со Комитетот за безбедност бил информиран за интензивирана комуникација меѓу лицата следени за тероризам.
Денеска беа погребани двете жртви од заложничката драма во сиднејското кафуле.
