Започна електронското полагање за сертфикат за учество во меѓународен патен сообраќај

23.12.2014 14:48

Сертификатот ќе важи 5 години, а потоа ќе треба да се обнови...

Почна електронското полагање испит за добивање сертификат за возачи за учество во меѓународен патен сообраќај. Сертификатот ќе важи 5 години, а потоа ќе треба да се обнови.

„Испитот има 45 прашања и се смета за положен доколку се одговорат минимум 70 отсто од прашањата, односно доколку има најмалку 32 точни одговори. По завршувањето на полагањето веднаш се добиваат резултатите. Со овој начин на полагање на испитите воопшто нема инволвирање на човечки фактор“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Домашниот сертификат ќе важи и за сите земји на ЕУ. Таксата за полагање изнесува само 100 денари, додека обуката преку синдикатот на возачи транспортери чини 5.000 денари.

Начинот на полагање сега не дава да не се знае, што значи дека сега веќе доаѓаме до еден повисок стадиум и примена на законите, смета Билјана Муратовска од Макамтранс.