ОПЕК нема да го намали производството на нафта

23.12.2014 14:53

Саудискиот министер за нафта изјави дека тоа ќе го поттикне економскиот раст...

Нафтниот картел ОПЕК нема да го намали производството дури и ако цената на енергенсот падне на 20 долари.

Саудискиот министер за нафта изјави дека тоа ќе го поттикне економскиот раст.

Светот можеби нема повторно да види барел над 100 долари како за време на економската криза, но залихите растат не поради намалениот светски раст, туку поради алтернативните извори, додаде Ал Наими.