Нова опрема за подобра дијализа
04.01.2014 10:50
На Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје

На Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје, денеска е пуштен во употреба новиот систем за реверзна осмоза, со кој значително ќе се подобри квалитетот на лекување на болните со хемодијализа.
,,Стариот систем се замени со нов,со што пациентите ќе добијат поквалитетна услуга.”-вели проф.д-р Александар Шиколе , директор на Клиниката за нефрологија. Инвестицијата чини 2 милиона денари. Во Македонија има околу 1.500 бубрежно болни, кои одат на дијализа, а една третина од нив, имаат потреба од трансплантација.
