Украина го укина статусот на „неврзана земја“
23.12.2014 15:36
Москва обвинува дека влегувањето на Украина во западниот блок има за цел да ја налути Русија...

Украинското собрание изгласа укинување неврзаниот статус на земјата, со цел да се приближи кон НАТО и Европската унија.
Москва обвинува дека влегувањето на Украина во западниот блок има за цел да ја налути Русија.
Предлогот го поднесе претседателот Порошенко, кој рече дека одбивањето на членството во НАТО во 2010 било најголемата грешка на претходното раководство.
Инаку утре во белорускиот главен град Минск почнуваат разговорите на Контакт групата.
