Мигранти од Блискиот Исток ги запоседнуваат напуштените куќи во Куманово

23.12.2014 16:25

Непознати лица на патот кон Лојане се почесто ги запоседнуваат напуштените куќи во Куманово. Се претпоставува дека се мигранти од Блискиот Исток кои не ретко логистика, за одредена сума пари, обезбедуваат кај македонски граѓани. Експертите велат- ако се пресече синџирот на исплата, ќе запре и миграцијата...

Со ранци на грбот, црномурести гости сѐ почесто се шетаат низ улиците по Куманово. Во ноќните часови се собирале во паркот близу автобуската станица и обично со нелегални таксисисти се упатуваат на кај кон Лојане.

Според нашиот закон тие можат да бидат казнети за илегално поминување на граница и потоа да бидат вратени во матичната држава што само по себе носи големи трошоци за Македонија, сметаат експертите.

„Голем број лица од економски причини се занимаваат со ваквиот бизнис при што обезбедуваат логистика за сместување и за заминување од Македонија. Меѓутоа овие луѓе со себе не носат пари, испатата се врши исклучиво по брза пошта. И доколку го секнеме, приливот на пари на овој начин, ќе го спречиме и шверцот со мигранти“, изјави Владо Пивоваров, универзитетски професор.

Како што не информирааа во продавничките близу автобуската, влегувале да купат нешто за јадење и прашувале за патот на кај Лојане и Ваксинце. Тие како и голем дел од граѓаните потврдија дека виделе странци, но не сакаат да коментираат пред камера.

„Има голема фреквенција на луѓе овде секојдневно, сигурно има и од нив. Ако одат на кај Липково тие мора да поминат од тука.“

„Ја не сум видела, а некои велат дека ги имало дури и горе во градот се шетале“, велат кумановци.

Од кумановската полиција упатуваат апел до граѓаните кои ќе забележат група илегалци, да пријават во станицата од каде што веднаш ќе излезат на терен и ќе постапат согласно своите овластувања.

 

Габриела Димковиќ