1.100 баратели на азил регистрирани годинава во Македонија
Годинава во земјава се регистрирани илјада и сто баратели на азил, што е на минатогодишното ниво...

Во Турција официјално се регистрирани околу еден милион бегалци од Сирија, од кои дел во обидот да стигнат до Западна Европа нелегално минуваат низ Македонија. Годинава во земјава се регистрирани илјада и сто баратели на азил, што е на минатогодишното ниво.
Во Охрид се одржа конференција на оваа тема.
„Сведоци сме на се поголемиот транзит на мигранти. Дел од нив самостојно ја поминуваат границата, дел се субјекти на криумчари на мигранти. Се сместуваат во транзитниот центар“, изјави Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
„Кога во некоја земја се случува војна, меѓународната заедница има обврска да им помогне на овие луѓе“, изјави Мухамед Ариф-Шеф на Канцеларијата на УНХЦР-Скопје
Македонија според експертите на УНХЦР успешно се справува со овој проблем почитувајќи го меѓународното бегалско право.
