Задолжницата да важи за сите субјекти на пазарот, укажуваат правниците

23.12.2014 17:07

Владата да ги земе в предвид укажувањата на стопанските комори – советува Здружението на правници на Македонија...

Задолжницата да важи за сите субјекти на пазарот, да не биде задолжителна, а владата да ги земе в предвид укажувањата на стопанските комори – советува Здружението на правници на Македонија.

„Ваков инструмент не е соодветно да се внесува во пазарна економија, и второ веќе ако се внесува треба да важи за сите субјекти. Се знае најголем стопанственик во нашата држава е државата. Според тоа, најголемите проблеми на должничко доверителските односи на голем број приватни фирми кои учествуваат особено во јавните набавки, имаат проблем со доцнење на наплатата од јавно правните субјекти“, смета претседателот на Здружението на правници, Тито Беличанец.