Антиќ со личен рекорд, Атланта загуби од Голден Стејт
Нашиот прв кошаркар во НБА, Перо Антиќ, одлично се снајде првпат како стартен центар на Атланта, но иако лидер и најдобар поединец во тимот, ноќеска сепак тагуваше со соиграчите. Хокс на домашен паркет несреќно загубија од Голден Стејт со 101-100, со тројка на Андре Игудала со звукот на сирената.

По повредата на Ал Хорфорд, Антиќ добива се поголема шанса од тренерот Мајк Буденхозен и од натпревар во натпревар прикажува се подобри партии. За речиси 27 минути на теренот, постигна рекордни досега 16 поени (со шут 4/6 за три и 2/3 за два поена), надополнувајќи го ефектот со седум скокови (шест одбранбени и еден во напад) и една украдена топка.
НБА Лига, резултати од петок, 03 јануари 2014
Атланта-Голден Стејт 100-101
Вашингтон-Торонто 88-101
Бостон-Њу Орлеанс 92-95
Хјустон-Њујорк 102-100
Далас-ЛА Клиперс 112-119
Денвер-Менфис 111-108
ЛА Лејкерс-Јута 110-99