Легендата за Дедо Мраз- една од ретките која живее со векови

23.12.2014 18:29

Легендата за Дедо Мраз е една од ретките којашто преживува со векови и тоа во сите краеви од светот, бидејќи со оваа приказна израснаа многу генерации. Популарноста на белобрадестиот дедо и денеска не стивнува, верувале или не. Синоќа на полноќ Дедо Мраз тргна на својот далечниот пат од Лапонија и тоа од градот Рованиеми...

На северот на Финска е сместено селото Рованиеми. И годинава од Лапонија се упати Дедо Мраз на својот предновогишен пат, импресивно доловувајќи ја атмосферата дека легендата за белобрадестиот дедо е жива и вистинсинита.
 
Поларната ноќ во Лапонија трае  еден месец, а сонцето не заоѓа се до средината на јуни. Затоа, преку целата година овој крај го посетуваат над половина милион туристи. Првиот турист во 50-та година од минатиот век била Елеонор Рузвелт, вдовицата на американскиот претседател. Таа сакала да види од каде почнува Арктичкиот круг. Домаќините ја одбележале границата и поставиле колиба, а по 20 години Финците го изгардиле највозбудливиот  град Насе.
 
И како што доликува на современиот свет и Дедо Мраз живее во светот на интернетот, а често пати ги советува посетителите ако ја поминат границата  на арктичкиот круг, ќе добијат сертификат- доказ дека тие го поминале крајот на светот и поминале на неговиот почеток.
 
Поради сето ова се верува во магијата на Дедо Мраз, дека донесува среќа на секој  оној што верува во него и во пораките од легендата за благословите и волшепствата за Божиќ и Нова Година.
 
 
 
Мирјана Василева