Компанијата „Костал“ ќе отвори 1.000 работни места во охридско- струшкиот регион
Планот на „Костал“ е во почетокот од 2015-та година да започне со брунфилд инвестиција, која за две години, во периодот од 2017-2018 година ќе прерасне во гринфилд...

Kомпанијаta „Костал“ со седиште во Германија објави дека ќе инвестира во охридско- струшкиот регион и ќе отвори 1.000 работни места.
Планот на „Костал“ е во почетокот од 2015-та година да започне со брунфилд инвестиција, која за две години, во периодот од 2017-2018 година ќе прерасне во гринфилд.
„Инвестицијата на Костал во фабрика во Охрид е дел од нашата стратегија за раст и обврска да им служиме на глобалните клиенти овозможувајќи им производи со највисок квалитет и технологија“, вели Кристофер Сандерс, подпретседател на компанијата.
По „Гентерм“ и „Капкон“, „Костaл“ е трета инвестиција во само седум дена
Компанијата „Костал“ произведува електромеханички и мехатронички производи за големи индустриски операции.
Премиерот Никола Груевски ја објави веста за оваа инвестиција на својот Фејсбук профил.
