80 компании и земјоделци заинтересирани за државно земјоделско земјиште
24.12.2014 11:51
Наскоро се очекува првиот јавен оглас за продажба на државно земјоделско земјиште. Досега за негово купување се пријвени 80 заинтересирани компании и земјоделци.

Се подготвува првата продажба на државно земјоделско земјиште. Земјоделските површини и нивната вредност се определени.
Постапката за продажбата, ја води владина комисија која врши проверка на доставената документација и изготвува листа на понудувачи кои ќе учествуваат на јавното наддавање.
Комисијата го спроведува и електронското јавно наддавање.
Проценката на вредноста на земјоделското земјиште и насадите ја врши Бирото за судски вештачења.
Методија Трајков
