Претседателот Иванов упати честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
24.12.2014 12:25
Божиќ е време што нè инспирира да придонесуваме кон мирот, благосостојбата, среќата и севкупниот напредок на нашата татковина Македонија, стои во честитката на претседателот Иванов...

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до христијанските верници што го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.
Божиќ е симбол на божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да ги следиме врвните морални и етички закони и да дејствуваме во согласност со начелата на вистината.
Божиќ е време што нè инспирира да придонесуваме кон мирот, благосостојбата, среќата и севкупниот напредок на нашата татковина Македонија, стои во честитката на претседателот Иванов.
