Општина Илинден понуди 3 нови локации за влез на инвестиции
Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање, најдоцна до 23 јануари, до 16:00 часот...
Општина Илинден објави електронско јавно наддавање на нови 3 локации на градежно земјиште, наменети за изградба на стопански објекти. На потенцијалните инвеститори им се нудат атрактивни парцели во локалната економска зона Марино-Кадино.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање, најдоцна до 23 јануари, до 16:00 часот.
Поволните услови што Општината им ги нуди на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и континуираните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, овозможи забрзан локален економски развој, поради што Општина Илинден е лидер по инвестиции и вложувања во регионот.
