Донација за Дневниот центар за деца со аутизам

24.12.2014 12:43

Нема подобар начин да се прослави еден значаен јубилеј, отколку преку помагање на деца што навистина имаат потреба од грижа и внимание...

Базен со топчиња, трамбулина, музички ракавици - играчки за подобра интеграција на децата со аутизам се донирани во Дневниот дентар. Кампањата „За хуманоста да стане навика“ команијата Натусана ја спреведуваше четири месеци.

„Нема подобар начин да се прослави еден значаен јубилеј, отколку преку помагање на деца што навистина имаат потреба од грижа и внимание, деца кои се посебни и прекрасни во својот свет. Затоа им благодариме на граѓаните што ја поддржаа нашата иницијатива и помогнаа во нејзина успешна реализација“, изјави Александар Донев, генерален менаџер на Натусана.

Од Дневниот центар велат дека донираната опрема и реквизити се од непроценливо значење за децата што го посетуваат центарот и нивните секојдневни предизвици во адаптацијата на нашето секојдневие.