Полицаец застрела 18-годишен афроамериканец во Сент Луис
24.12.2014 12:49
Според полицискиот портпарол, полицаецот забележал двајца мажи во близина на бензиската и откако им се доближил едниот од нив извадил пиштол и го вперил во полицаецот...

18 годишен афроамериканец е застралан од полицаец на бензиска пумпа во предградие на Сент Луис, во американската држава Мисури.
Според полицискиот портпарол, полицаецот забележал двајца мажи во близина на бензиската и откако им се доближил едниот од нив извадил пиштол и го вперил во полицаецот.
Отворена е истрага за инцидентот. Десетици граѓани веднаш излегле на местото каде што се случило убиството. Имало неколку инциденти со полицијата, при што се уапсени три лица.
