Фудбал

Силни трансфер-бомби на повидок?

24.12.2014 12:52

Дали се само шпекулации или има вистина во пишувањето на одделни медиуми за „голема преселба“ на неколку блескави ѕвезди од светското фудбалско небо?

Дали се само нагаѓања или обележје на предстојниот зимски преоден рок навистина ќе бидат неколку сензационални трансфери? Дали се само шпекулации или има вистина во пишувањето на одделни медиуми за „голема преселба“ на неколку блескави ѕвезди од светското фудбалско небо?

Шпанскиот весник „АС“ засега  тивките шпекулации за враќањето на Герет Бејл на Островото ги засилува со конкретни податоци. Тврди дека Манчестер Јунајтед е расположен да издвои 153 милиони евра за 25 годишниот Велшанец, што би бил рекорден трансфер.Стара практика во работењето на  „големите“ како што се Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен е да не прашуваат за цена, ако решат некого да го доведат. Поготово кога и на  Луј Ван Гал му е неопходно ваквото засилување. Прашање е само каков е ставот на Реал Мадрид, кој во договорот со Бејл има ставка од 1 милијарда евра за евентуалниот негов откуп пред истек на договорот.

Според англискиот „Дејли Експрес“, тренерот на Пари Сен Жермен Лоран Блан го губи трпението со Едисон Кавани, па е можно тој да  биде продаден на Арсенал за 50 милиони фунти.Уругваецот не блеска во дресот на Парижаните и далеку е од игрите што ги прикажуваше во Наполи. Не е тајна дека односот на Кавани со Блан е на „лабави нозе“, а причината е Златан Ибрахимовоќ, кој е неприкосновен во плановите на тренерот на ПСЖ. Поради Кавани на врска со ПСЖ се и Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но според „Дејли Експрес“ во монетов  најактуелен е Арсенал.

Напаѓачите се засега целите со највисока цена. Тренерот на Манчестер Сити, Мануел Пељегрини прв на својата листа на желбите го става Хрватот Марио Манџукиќ. Цената која би ја платиле „Граѓаните“ за голгетерот на Атлетико Мадрид е 25 милиони фунти, пишува англискиот „Дејли Стар“. Англискиот првак е соочен со повредите на тројца свои навивачи Агуеро, Џеко и Јоветиќ, чија рехабилитација ќе трае повеќе недели.Пељегрини е свесен дека без врвни напаѓачи не ќе може да го одржи чекорот со Челзи во трката за титулата, па инсистира на купување на Манџукиќ.

Јануарскиот трансфер прозорец наскоро ќе биде отворен!