Успешна година за рударскиот сектор

24.12.2014 14:02

Годинава што изминува е успешна, но очекуваат 2015-та да биде потешка...

Министерството за економија да не издава концесии за истражување на минерални суровини, бараат менаџерите од рударството. За нив, годинава што изминува е успешна, но очекуваат 2015-та да биде потешка.

„И покрај кризата во Европа, рударскиот сектор деловната 2014 година ја завршува успешно“, изјави претседателот на Македонската асоцијација на рудатството и директор на „Бучим“, Николајчо Николов.

„Оваа година беше значајна за нас бидејќи го заокруживме инвестицискиот циклус од 18 милиони евра во подготовка на јамски објекти и опрема за нов ривир што е пуштен во употреба“, рече Максим Прохоров од рудникот „Саса“.