Џихадистите на ИДИЛ тврдат дека собориле авион на меѓународната коалиција

24.12.2014 14:08

Според проопозициската сириска опсерваторија за човекови права, соборениот авион и припаѓа на некоја од арапските земји- членки на коалицијата...

Џихадистите на милитантната група Исламска држава тврдат дека собориле авион на силите на меѓународната коалиција, предводени од САД.

Авионот е соборен во реонот на градот рака во Сирија. Според проопозициската сириска опсерваторија за човекови права, соборениот авион и припаѓа на некоја од арапските земји- членки на коалицијата.

Поддржувачите на Исламска држава на интернет веќе прикажаа фотографија на која се гледа јордански пилот опкружен со екстремистите.

За сега нема потврда за соборување на авионот ниту од Јордан, ниту од САД.